Големи емоции струеја за време на модните преставувања во Милано оваа недела – девојче седи замо во првиот ред време на генералната проба на ревијата на Роберто Кавали, а една манекенка плаче зад сцената по шоуто на Емпорио Армани. Овие моменти и уште многу други ги фотографираше Алекс Мајоли за „Њујорк магазин“, а тој уметнички опфати моменти на драма и на радост, слики зад сцената и за време на подготовките на модните ревии, ореоли од светлина кои се формираат додека фризерите прскаат големи и опојни количини на лак за коса, но и темни сенки кои потсетуваат на сликите на Караваџо.
Нема коментари