Елегантна, функционална, минималистичка и со привлечен шик изглед, ја принајдовме совршената чанта за на работа – моделот Form Bag на брендот Everlane. Овој бренд го забележавме минатата година кога претставија еден модел на чевли за кој имаше долга листа на чекање, се чини дека Everlane повторно создадоа дизајн по мерак на жените и сега за чантата Form Bag чекаат околу 20.000 клиенти. А листата на чекање веќе беше полнa пред лансирањето на чантата на 16 август.
Everlane ги спои фунционалноста и привлечниот дизајн во оваа чанта која доаѓа во три бои црна, темнозелена и боја на коњак. Во описот стои дека во чантата собира 13″ MacBook, направена е од квалитетен материјал и со дебела, прилагодлива рачка која издржува тежина. „Што ако вашата најубава чанта во исто време е и најфункционална!?“, прашуваат од брендот за чантата во која, конечно, формата се спојува со функционалноста.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари