Три жени од различна возраст покажуваат дека убавината е безвременска во новата кампања за L’Oreal. Амбасадорките на козметичкиот гигант, актерката Џејн Фонда, супермоделката од 90-тите Татјана Патиц и една од најактуелните манекенки на денешницата Дуцен Крос, здружно ја промовираат новата линија на брендот Age Perfect. Тие позираат во едноставен стајлинг, а фотографиите ги направи Лиз Колинс.
Нема коментари