Позната и најдобро платената модна блогерка Кјара Ферањи открива како ја одржува витата линија и како храни во интервју за германското издание на In Style. Таа вели дека најголемо внимание посветува на исхраната и на тоа да не внесува голема количина на шеќери и храна пржена со масло. Но нагласува дека никогаш не е на одредена диета, туку дека линијата ја одржува со вежбање. Нејзиниот режим можеби е вообичаен – правилна исхрана и вежбање за обликување на телото, но сепак нека послужи како мотивација уште викендов да размслите за сопствениот начин на одржување здраво тело.
-Вежбам со приватен тренер и резултатите се одлични. Кога патувам ги изведувам вежбите што ќе ми ги покаже. Многу полесно ми е да вежбам со некој друг до мене, отколку сама. Порано многу трчав, но мојот тренер смета дека доколку целта не е се слабеење, тогаш подобро е да се работи на мускулниот тонус. А јас не сакам да изгубам килограми, туку да го обликувам телото – објаснува Кјара.
Блогерката пред извесно се време од родната Италија се пресели во Лос Анџелес, каде жителите се опседнати со јога. Но таа не го следи тој тренд и вели дека пробала да вежба јога, но тој вид на тренинг едноставно не ѝ одговара. Најчесто прави склекови и вежби кои се ефектни за дефинирање на мускулите. Исто така обнува внимание на храната пред и после тренинг.
-Еднаш после едно вежбање се чувствував фантастично, но заборавив да јадам. Кога отидов да се туширам, одеднаш осетив дека немам енергија. Морав да легнам и нешто набрзина да каснам. Тогаш сфатив колку е важно да се јаде после тренинг, особено ако е интензивен – вели Кјара за важноста на правилен начин на комбинирање на исхраната со вежбањето.
Нема коментари