Дваесет и едно годишната супермоделка Карли Клос кога била помала вежбала класичен балет, денес редовно вежба фитнес и јога, ја нагласува важноста за движење и вежбање преку новата кампања за женската спортска колекција на Nike. Но и важноста да вежба во соодветна специјализирана облека. Карли која е заштитно лице на брендот за есен 2014 фотографирана е во спортски парчиња како вежба заедно со Трејси Коупланд, главен тренер на клубот за вежбање на Nike. Карли, Трејси и уште неколку девојки вежбаат во студио (пилатес, фитнес и јога), а интезивниот тренинг се состои и од џогинг и уште неколку фитнес сесии на отворено. Новата колекција на Nike содржи нови видови спортски градници и патики за вежбање во кои се внесени иноватвни технологии. Концептуалната фотосесија е дело на фотографката Ванина Соренти.
Нема коментари