Вежбањето денес стана неизбежен дел од секојдневниот животен ритам на многумина. Ваквата специфична активност се разбира условува посебен изглед, однесување и употреба на специјлна фитнес облека. Следниве неколку совети може би можеле да ви помогнат да се избегнат можните непожелни ситуации, а со тоа да ви го направат вежбањето и фитнесот многу попријатно.
Избегнувајте памучна облека
Иако на прва памукот се гледа како совршена опција за теретана, тој е всушност најголемиот непријател. Памукот е удобен и пријатен, но тој исто така ја апсорбира влагата и му треба време да се исуши, односно потта ќе ја навлажни облеката, а тоа значи дека таа ќе се залепи за телото. Настрана од тоа што тоа онерасположува, туку влажната памучна облека исто така може да предизвика настинка и иритации. Затоа, бирајте специјална спортска облека.
Спортски градник
Многу од жените мислат дека вежбањето со обичен градник е во ред, меѓутоа не само што може да е неверојатно непријатно (дури и болно) обичниот градник не ја обезбедува поддршката која е неопходна во текот на вежбањето. Соодветниот функционален спортски градник е апсолутн неопходен затоа што ги заштитува лигаментите и ткивата во градниот кош од прекумерното растегнување или стрес.
Вежбајте без накит
Накитот не само што не е неопходен во салата за вежбање, туку е и потенцијално небезбеден. Многу лесно може да се случи да се заглави прстен, обетка или бразлетна на некоја од справите за вежбање или сопствената облека и тоа може да резултира со непријатна случка. Исто така накитот би можел да биде оштетен, па затоа е подобро да се остави дома.
Со или без шминка!?
Прекумерното количество на шминка во теретана е луда идеја затоа што на крајот тоа резултира со непријатен, размачкан изглед на лицето предизвикан од потењето. Можеби малку подлога е неопходно, како и балзам на усните, но во никој случај не нанесувајте маскара, сенка на очите или кармин.
Без лосиони
Јасно е дека никој не сака сува кожа, но пожелно е да не се употребуваат лосион или млеко за тело пред вежбање затоа што шансите се големи додека вежбате и се потите дел од лосионот да остане на машините или теговите. А тоа е мошне непријатно за оној кој доаѓа следен.
Вежбање само со соодветни обувки
Патиките „Конверс“ можеби изгледаат извонредно, но тие навистина не се пригодни за теретана. Тие пред сè не го поддржуваат стапалото како што треба. Обувките кои не се наменети за вежбање обично немаат каква било поддршка, затоа не овозможуваат правилно усогласување за време на вежбањето. Ова може да предизвика долгорочно оштетување на стапалата и колената, па затоа е мудро да се инвестира во соодветен пар на патики.
Нема коментари