Иако е голема љубителка на благото и мрази вежбање во сала, холивудската актерка Блејк Лајвли сепак води грижа за својот добар изглед. Русокосата сопруга на Рајан Рејнолдс, која пред неколку месеци го роди нивното прво дете, вели дека танцувањето и вежбите во природа и сокот од зеленчук се клуч на нејзината витка става.
-Точно е дека обожавам чоколада и мразам да вежбам во тератана, но затоа наоѓам други начини да бидам активна. Танцувам, возам велосипед, печашам и вежбам во природа-изјави таа.
Кога се подготвува за снимање на некој филм го ангажира личниот тренер Боби Стром да ѝ помогне да ги зајакне своите долги нозе и да ги стопи сите траги на масти. Тренерот ѝ одредува вежбање од пет дена во неделата , а тогаш изведува кружни и кардио вежби. Предноста на кружните вежби е што може да се изведат било каде, дури и во хотелска соба или дома. Тие вежби се наменети за обликување и засилување на мускулите на рацете и нозете. Еве неколку примери како ги применува вежбите:
Клекнување за обликување на задната ложа, исчекори за намалување на обемот на бедрата, дигање на раце за засилување на рацете и рамената, различни сетови на стомачни вежби за добар стомак, скокање за согорување на калориите. За подобар ефет практикува екслозивни високоенергетски скокови во клечечка положба. Исто така практикувао доста акробатски вежби за одржување на фигурата.
Според нејзе секоја девојка треба да применува неколку правила за здрав изглед:
Да конзумира сок од зеленчук за прочистување. Смета дека во ресторанските мениа изобилува со калорични комбинации, па затоа најчесто сама си го подготвува оброците дома. Вели дека користи многу свежи состојки: „Полесно се останува здрав ако користиш свежа храна, како што се овошјето и зеленчукот“. На нејзиното мени се: овошје, зеленчук, јајца, млечни производи, риба и пилешко. За да ја урамнотежи исхраната , покрај повремените калорични бомбици, секојдневно пие сок од кељ, цвекло, јаболко и лимон. Тоа е еден од нејзините омилена напитоци за детоскикација.
Нема коментари