Спортскиот бренд Nike неодамна во Њујорк ја претстави новата колекција за жени наменета за пролет-лето 2015, најиновативна и најопсежна досега, дизајнирана за растечките потреби за вежбање на милиони жени низ светот. Колекцијата се темели на повеќе истражувања за потребите на спортистите и на жените кои вежбаат фитнес, пилатес и други рекреативни спортови, а сите парчиња треба доследно и посветено да одговорат на прашањето: „Дали оваа облека ќе го направат спортистот подобар и поуспешен?“.
На колекцијата соработуваше Педро Лоренцо, а во неа има нови модели на спортски патики од серијата Flyknits, различни парчиња за вежбање, спортски градници, шарени хеланки. Nike има и своја успешна апликација Nike Training Club (N + TC), која ја користат повеќе од 19 милиони жени што спортуваат, а компанијата во моментов има 27 врвни спортистки како заштитни лица. Токму овие спортистки учествуваа на лансирањето на новата колекција во Њујорк, а на ова да ја додадеме и супермоделката Карли Клос која некое време ги рекламира спортските креации на Nike.
Нема коментари