Кога размислуваме на релација „Што да јадеме пред вежбање“, знаеме дека тоа никако не треба да биде обилен оброк, туку здрава храна која пред секој тренинг ќе ви даде енергија да постигнете полн потенцијал во вежбањето и притоа ќ ги топи масните наслаги. Значи, пред аеробик, трчање, пилатес или друг вид на фитнес-програма, може да ги внесете овие намирници:
Кафе
Дава енергија и го подигнува нивото на одредени хормони кои овозможуваат испуштање на масни киселини во крвта. Тоа овозможува успешно намалување на телеснаите масти, при што ги одржува мускулната маса и метаболизмот на високо ниво.
90% црно чоколадо
Црното чоколадо има слични ефекти како кофеинот, па ќе ви даде енергија забрзување пред вежбањето. Бирајте чоколадо со висок процент на какао, односно со намален процент на шеќер.
Многу вода
Ова е клучот за добра вежба и од суштинско значење е бидете хидрирани пред тренинг. Падот на хидратација за само 2% може да ја намали мускулната сила и ефектот на вежбањето. Експертите предлагаат внес од 1,5 до 2 литри вода на ден, а некои советуваат да додадете малку сол во водата со што ќе се подобри нивото на апсорпција.
Грицки и напитоци
Дозволено е да се внесуваат овесни бисквити со кокос, бадеми, семки од тиква или органски кикирики, потоа разни видови смуди од зеленчук, една шака ореви или друго јаткасто овошје, или лесен оброк составен од здрави протеини како ориз и грашок.
Нема коментари