Познатата британска манекенка, актерка и поранешен ангел на Викторија Сикрет одржува фит форма, редовно вежба и се храни здраво, па се чини дека е соодветна личност да ви открие неколку тајни за нејзиниот изглед. 1.Комбинирајте повеќе видови на вежби Роузи верува дека најдобрите тренинзи за витко и атлетски градено тело се оние кои се потпираат на промена на ритамот од најнизок до највисок интензитет. Таа сака пилатес, бидејќи е најдобар вид на вежби за тонирање на мускулите. Исто така посетува часови по танц, кои се доста забавни за неа и во исто време прави силни кардио вежби. 2.Потскокнување наместо трчање Роузи нема секогаш време за долг трениг со трчање, па за ги согори калориите препорачува неколку минути брзо потскокување во место, со високо кревање на колената. Овој вид на активност автоматски го активира секој дел од телото, па обидете се да ја вметнете во своите тренинзи. 3. Хидратација Манекенката секој ден пие најмалку 8 чаши вода. Вода пие пред ручек, а особено се хидрира кога мора денот да го помине на снимањето, се појавува во долна облека или на настан со црвен килим. Пред важните ревии нејзините оброци се состојат од јаглехидрати. 4.Не прескокнувајте оброци Таа не се плаши од калории и препорачува да не ги прескокнувате оброците. Тие ѝ даваат многу енергија за работа и за вежбање. Нејзината појадокот е најважниот оброк во текот на денот и од суштинско значење, оброк кој обезбедува енергија за целиот ден. Во нејзината исхрана најзастапени се свежото овошје, разните верзии на зелено смуди и пецивата. 5.Групен тренинг Роузи никогаш не практикува да вежба сама, секогаш бара мотивација во форма на соодветен партнер. За неа многу е важно да има добар партнер во теретаната или инспиративни инструктори, со што тренингот има смисла. 6.Исхрана пред и по вежбање Британската манекенка знае како да го нахрани телото и да постигне одлични резултати. Пред да замине во теретана секогаш користи храна богата со протеини, меѓу другото зема спанаќ и јајца. По завршувањето на тренингот, првото нешто што пие се протеини и зелено смуди. Од својата исхрана ги исклучила вештачките сокови и засладените пијалоци, а коктелите ги подготвува со свежо овошје и зеленчук. 7.Гответе дома Роузи верува само во оние оброци што ги подготвува дома. Не сака брза храна и смрзнати оброци, бидејќи нејзината исхрана се состои од 100% хранливи состојки. Сака да готви здрави јадења, и рецептите и фотографиите ги дели со своите фанови на Инстаграм и на Снепчет.
Нема коментари