Новиот филм за легендарниот моден дизајнер Ив Сен Лоран на 19 јуни ќе се прикажува во Скопје, во рамки на осмото издание на Францускиот филмски фестивал. Проекцојата на филмот на Жалил Лепер, објавен оваа година, со Пјер Нине, Гијом Галиен, Шарлот Ле Бон во главните улоги ќе може да се погледне со почеток во 20.30 часот во кино „Фросина“.
Приказната почнува во Париз, 1957 година, која Ив Сен Лоран, кој штотуку наполнил 21 година, е повикан да го преземе управувањето со престижната куќа за висока мода, основана од Кристијан Диор, кој умира непосредно пред тоа. Во текот на неговата прва триумфална модна ревија, се запознал со Пјер Берже, средба што ќе му го промени животот. Љубовници и деловни партнери, три години подоцна двајцата ќе се здружат и ќе ја создадат компанијата Ив Сен-Лоран. И покрај своите опсесии и внатрешни демони, Ив Сен-Лоран се подготвува да направи револуција во светот на модата со неговиот модерен и иконокластичен приод…
Францускиот филмски фестивал по седми патсе одржува Скопје и Охрид. На официјалното отворање на 18 јуни, во киното „Милениум“, ќе биде прикажан филмот „Ке Д’Орсе“ на режисерот Бертран Таверние. Овој фестивал се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Македонија. Годинашната понуда е организирана во три концепции – официјална селекција, средба со гостите и комеморативна селекција. Официјална селекција ја сочинуваат филмовикои имаат за цел да го приближат актуелниот француски филм, свртен кон широката публика.
Со Комеморативната селекција филмови се одбележува 70-годишнината од истоварувањето на сојузничките сили во Нормандија. Фестивалот ќе трае до 22 јуни, а поголемиот дел од програмата ќе се одвива во Скопје во кината „Милениум“, „Фросина“ и Кинотеката на Македонија, а една фестивалска вечер ќе се одржи и проекција во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Најавени се девет долгометражни и четирикраткометражни филмови, како и еден документарен филм. Меѓу познатите филмови, покрај „Ив Сен Лоран“ највени се: „96 часа“ од Фредерик Шендорфер (2014), со Жерар Ланвен, Нилс Арструп, Силви Тести, „Венера во крзно“ на Роман Полански (2013), со Емануела Сење, Матје Амалрик, „Газели“ на Мона Ашаш (2013), со Камиј Шаму, Одре Флеро, Жозефин де Мо, и многу други. Фестивалските денови ќе ги затвори актуелниот филмски хит „96 часа“ на режисерот Фредерик Шендорфер, кому ќе му биде доделена Златна маска за животно дело. И оваа година посетителите ќе ја имаат вообичаената можност да поразговараат со гостите-учесници на филмските остварувања. На листата на гости се Фредерик Бурбулон, продуцент на филмот на отворање „Ке д’Орсе“; Жаки Бероаје, актер во „Голгота“; Ален Мајор, продуцент на „Од трње“; Жозефин де Мо, актерка во „Газели“ и режисерка; Бруно Алексиу, композитор на музиката на документарниот филм „Светлината на зората“; Фредерик Шендорфер, режисер на „96 часа“.
Бесплатни влезници за отворањето се резервираат во Францускиот институт во Скопје. За останатите проекции, влезниците се во продажба во киното “Фросина“ и во Кинотеката на Македонија.
Нема коментари