Новиот филм на „Дизни“, Maleficent, во кој главната улога ја толкува холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, е инспирација за линија на накит. Откако Maleficent, (Злобната вештерка од „Заспаната убавица“) беше лајтмотив на новата колекција на шминки на козметичката куќа MAC, сега служи како поттик за неколку скапоцени модни додатоци, кои ги изработи Crow’s Nest. Во капсулната колекција од седум парчиња обетки, брош, прстен и алка, се застапени главните мотиви од Maleficent: пердуви, змеј, рогови и оган. Накитот ќе биде достапен во продавниците наредниот месец, а се проценува дека ќе чинат повеќе од 20.000 долари.
Нема коментари