Новата филмска верзија на познатата приказна за човекот одгледан од мајмуните, „Легендата за Тарзан“, денeска пристигнува во скопските кина „Милениум“ и „Синеплекс“. Поминале многу години откако Џон Клејтон, попознат како Тарзан, ја напуштил африканската џунгла. Тој сега живее во цивилизацијата, во Лондон, заедно со неговата сакана Џејн. Но кога ќе добие повик како трговски претставник да се врати во Конго, повторно се сретнува со старите пријатели. Авантурата почнува во моментот кога ќе сфати дека е само обичен пион во смртоносната игра на алчност и одмазда, испланирана од белгискиот капетан Леон Ром. Во улога на Тарзан е Александар Скарсгард, а во улога на Џејн е Маргот Роби. Останатите улоги ги толкуваат Кристоф Волц, Семуел Л. Џексон и Рори Џ. Сапер. Оваа авантура е режирана од Дејвид Јејтс.
Нема коментари