Режисерот Џеј Џеј Абрамс и „Лукас филм“ вчера го објавија вториот официјален трејлер за Star Wars: The Force Awakens на концвенција посветена на франшизата, и уште во првите минути видеото ги возбуди фановите на серијалот „Војна на ѕвездите“ и ги вжешти социјалните мрежи. Премиерата на филмот е најавена за декември, но преку трејлерот публиката има можност да насети во која насока ќе се движи дејствието и можеби да предвиди дали по квалитет ќе биде како првите три оригинални дела од франшизата или како трите епизоди приквели кои не ја воодушевија толку многу филската публика и критиката. Неколку моменти се сигурни гледајќи го трејлерот: се слуша гласот на Марк Хамил како Лук Скајвокер, што го најавува враќањето на актерите ветерани Хамил, Харисон Форд и Кери Фишер, гледаме сцена во која Лук (најверојатно) го предава ласерскиот меч на своите потомци (најверојатно), оригинално направен од Анакин Скајвокер пред да премине на темната страна, потоа тука е C-3PO и ја гледаме уништената маска на Дарт Ведар. Филмот ја продолжува приказната 30 години по дејствијата од „Враќање на џедајот“, па има сосема нови ликови, а трејлерот завршува со појавувањето на Хан Соло и Чубака и репликата „Чуи, дома сме!“. Во филмот се појавуваат и актерите Oскар Ajзак, Деjзи Ридли, Џона Боjека, Лупита Нионго, Макс Вон Сидов, Гвендолин Кристи и Енди Серкис.
Нема коментари