Во бајковит имот на полуразурнат дворец , со мистичен и романтичен призвук, е сместено дејството на краткиот филм во режија на Баз Лурман, кој е дел од кампањата за новата колекција на ERDEM x H&M. Видеото The Secret Life of Flowers, кое е проследено со нумерата Hypnotised на бенот Years & Years, е кратка љубовна приказна. Две млади момчиња се враќаат во домот на едниот, каде што ги пречекуваат на гозба и раскошна фотосесија.
Дворецот иако е разурнат распослан е со листови и цвеќиња-кои се симбол на потрагата по вечна пролет.
-Целта ми беше овој краткометражен филм да биде баш како вистинси филм. Станува збор за современа љубовна приказна сместена на имот со вила полна со тајни и која преатсвува метафора за времето во кое живееме-надвор суровиот свет, додека внатре се нешта кои се навистина важни, без задржка се одвиваат опкружени со вечна пролет-објаснува Баз Лурман.
Во приказната, која помалку потсетува на „Големите очекувања“ се појавува и девојка-сестрата на едното момче, и гуверната, која ја води нарацијата. Улогите ги толкуваат Том Рајс Харис, Хиро Фајнс Тифин и Руби Дагнал.
ERDEM x H&M е најочекуваната колекција оваа сезона, а се очекува да се најде во продажба на 2 ноември.
Зад линијата стои креаторот Ердем Моралиоглу, кој е со турско потекло, а роден е во Канада, е препознатлив по употребата на цветен дезен во своите креација. Токму флоралната шара диминира во колекцијата Erdem x H&M, а е биде аплициран на вечерните фустани, сакоата, кошулите, марамите и на чизмите. Колекцијата изгледа раскошно и дамски, со костими од твид, романтични кошули и плисирани здолништа, и изгледа како да чини многу, иако ќе се продава по многу пониски цени во однос на дизајнерската облека. Ердем за првпат креира машка облека, таа ќе биде дел од колекцијата за H&M.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари