Неколку домашни креативци и филигранџии, мајстори на филигранската работилница Spark Filigree, во сабота во 20 часот ќе го отворат Филигранскиот базар, во просторот на Безистен, во Старата скопска чаршија. На базарот дела ќе претстават Алма Идризи, Ксенија Котев, Соња Димовска, Татјана Ранташа, Јета Ника, Анета Димитриевска, Марија Темова, Fil Ana Design, Sara Filigree, Dobro Mi Stoi, Leanan le Fay. Идејата на организаторите е да се оживее филигранството и и воедно да им се овозможи на уметниците филигранџии да ја промовираат својата работа и да претстават дел од своето творештво, под мотото #SupportTheArtofFiligree.
Нема коментари