Креативната директорка на брендот „Селин“, Фиби Фило, ја доби почесната новогодишна награда за достигнувања во модната индустрија. Британската дизајнерка стана една од само три лица што се најде во годишниот регистар за ангажманите во модата. Таа им се придружи на легендарната шминкерка Пет Мекграт и на дизјнерката и предавачот во Сент Мартинс, Натали Гибсон.
Фило е родена во Париз, но нејзините родители се Британци. Се школувала во Лондон, дипломира на престижниот Централ Сент Мартинс колеџот за уметност и дизајн. По дипломирањето во 1997 година се пресели во Париз за да ѝ помогне на Стела Макартни, која беше своевремено креативен директор на „Клои“.
Најмногу е позната по нејзиниот актуелен ангажман во француската модна куќа „Селин“, која таа успешно ја заживеаја од преземањето на улогата на креативен директор во 2008 година, и ја направи една од најпознатите и посакувана модни куќи во светот. И покрај тоа што работи за париската етикета, Фило и нејзиниот дизајнерски тим се базирани во Лондон, каде што живее со нејзиниот сопруг и трите деца.
Нема коментари