Многу често познатите личности влегуваат во козметичкиот бизнис и лансираат парфеми и шминка, но ретко кој од нив доживеал успех како мејкап линијата на Ријана – Fenty Beauty. Скоро секој производ наидува на пофалби, брзо се продава, а станува дел од алатките дури и на нашите професионални шминкери.
Веднаш по Нова Година Ријана додаде уште еден производ во линијата на шминка. Toa e Pro Filt’r Concealer, коректор кој доаѓа во дури 50 нијанси, има кремаста формула и долготраен ефект, и покрива разни непраилности на кожата, подочници, темни дамки под очите, па дури и мамурлак. Коректорот ќе почне да се продава од 11 јануари, заедно со пудра во прав во 8 нијанси.
Нема коментари