Дваесетина дена по пуштањето во јавноста на првата фотографија од новата кампања на „Фенди“, со моделот Надја Бендер, обелоденета е целата фотосесија. Креативниот директор на брендот, Карл Лагерфелд, ги сними промотивните фотографии за линијата пролет-лето 2014. На сетот налик на воден ѕид или водопад покрај Бендер се појавува и манекенката Џоан Смолс. Водената површина е во функција на огледало, со што се разигрува фотографијата. На колоритните фотографии моделите носат креации со геометриски принтови, крзнени и кожни чанти, кратки туника-фустани.
Нема коментари