Елегантна, женствена и фатална, манекенката Хелена Кристенсен позира за едиторијал за списанието Vs. Magazine. Супермоделот се појавува на една од шесте насловни страници на магазинот, покрај Кристи Тарлингтон, Су Џу Парк, Џулиен Мур, Емилија Кларк и Стејси Мартин. Сесијата за изданието пролет-лето 2014 на магазинот е со мистичен призвук и со секси елементи. На дел од сликите супермоделот се појавува в раце со мачка, а на други ја придружува и манекен. Фотографиите ги сними Карен Колинс од Creative Exchange Agency, која ја улови данската убавица во неколку луксузни изданија, во стилот на гламурот од 30-тите и 40-тите години на минатиот век. Моден уредник на едиторијалот е Вајб Дабелстин, фризурата е на Ромина Манети, а шминката на Хуго Ванџо.
Нема коментари