После седум години, од кои три без комичарката Џоан Риверс, популарното модно шоу Fashion Police на телевизијата Е! заминува во историјата. На 27 ноември (понеделник) ќе биде емитувата последната епизода со Џулијана Ранчиќ, Брад Горески, Нене Ликес, Матгарет Чо и ќерката на починатата главна ѕвезда на шоуто, Мелиса Риверс. Забавната емисија во која модно жири на комичен начин го коментира изгледот на филсмките и музички ѕвезди на црвениот килим првпат беше емитувана во септември 2010 година, со Џоан Риверс како домаќинка. Во оригиналната постава беа и Ранчиќ, Џорџ Коциопулос и Кели Озборн. По смртта на Џоан во 2014 година на нејзино мсто дојде ќерка ѝ Мелиса, која дотогаш беше продуцент на шоу Fashion Police. Во 2015 екипата ја напушти и младата Кели Озборн, и не се очекува да се врати за финалната емисија.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари