Модното шоу на телевизијата „Е!“, Fashion Police сепак ќе продолжи да се снима и по смртта на неговата авторка и заштитно лице, комичарката Џоан Риверс. Новите изданија на модната полиција ќе почнат на 12 јануари 2015 година, со коментари од црвениот килим на доделувањето на „Златните глобуси“. Ова го обелодени ќерката на Риверс, Мелиса, на специјалната 90-минутна епизода посветена на починатата ѕвезда.
Од „Е!“велат дека продолжуваат со благослов на Мелиса, и дека тоа би го сакала и Џоан, која му беше посветена на шоуто до самиот крај. Џоан Роверс почина на 4 септември на 81-годишна возраст.
Нема коментари