Модната платформа Daily Front Row вчера ги одржа првите Fashion Los Angeles Awards во хотелот Sunset Tower во Западен Холивуд во друштво на гостите Ријана, Канје Вест, Дру Баримур, Кети Пери, Никол Ричи и Мајли Сајрус. Награди добија Џереми Скот (најдобар дизајнер на годината), Кристијан Лубутан (дизајнер на модни модадоци), Џиџи Хадид (модел), Иларија Урбинати (дизајнер на машка облека), како и Љубов Азрија од Hervé Leger, Ариел Фоксман од магазинот In Style, Итало Зукели од брендот на Келвин Клајн и други. Лос Анџелес важи за град на филмската индустрија, но има своја модна недела, а сега и модни награди, со што се позиционира на американската модна мапа.
Нема коментари