Врвниот дизајн, модата, технологијата и добриот вкус ќе се спојат на едно место на првото издание на Fashion & Lifestyle Expo, што од 18 до 20 март ќе се одржи во Македонската опера и балет. На настанот ќе може одблизу да се погледнат последните модни трендови и новитетите во областа на технологијата, електрониката, автомобилизмот, внатрешното уредување, проследени со одлична музичка и шоу програма. Посетителите ќе може да наздрават со ексклузивни пијалоци и да се засладат со високо квалитетна чоколада. На отворањето на 18 март (петок) во 20 часот ќе настапи Filip Stevanovski Trio, следуваат Live Show и диџеј Boogieman.
Програмата почнува наредниот ден во 12 часот со патување и животен стил: приказна раскажана низ романите на Елизабет Адлер . Следува предавање од авторките на модниот блог Skopje Casual – на тема како до успешен моден блог во Македонија. Во 14 часот ќе се одржи модна работилница за градење личен стил / комбинирање на дизајнерски и брендирани парчиња со познатата дизајнерка Јована Филиповиќ, младиот креатор Игор Марков и со Fashion & Friends. Во тек е пријавувањето за оваа работилница каде што ќе може да се дознаат од нашите дизајнери нови начини како да внесе смелост и креативност при секојдневното комбинирање на парчињата облека. Како истовремено да бидете смели, но и практични, така што со вешто комбинирање, секојдневната облека ќе ја трансформирате во елегантна, а елегантната во секојдневна.
Посетителите во 17 часот ќеможе да се запознаат со македонскиот рубин. Следува панелот Gorenje by Starck – одраз на Вашиот животен стил и личност како и дегустација на вино од „Тиквеш“. Со почеток во 21.30 ќе се одржи модна ревија на долна облека на Wolford . Денот ќе заврши со забава со популарниот диџеј Гоце. Во недела денот ќе почне со Едукативно – креативна работилница за деца: Да се запознаеме со Бреинобраин, следуваат Дуна Компјутери – Moќност, префекција, живот со стил, средба со студиото за нега на домашни животни Ashaya Exclusive Pet Grooming Studio, Indulge in Style & Luxury / Стил и луксуз , предавање како да се биде најдобра верзија од себе со Центар за бизнис психологија. Влезот од 12 до 20 часот е бесплатен, а по 20 часот ќе чини 100 мкд.
Нема коментари