Ја нагласуваат силуетата, ја дефинираат половината, визуелно го подигаат задникот, ги „измазнуваат“ колковите, ова се дел од нештата што фармерките со висок струк му ги „прават“ со вашето тело. Без разлика дали се широки или тесни, долги или поткусени кај зглобовите, според повеќето стилисти моделот со висок струк се најласкачките фармерки, кои добро им стојат скоро на сите жени во сите форми и величини. Овој вид на фармерки се актуелни веќе неколку сезони и ги има во понудата на дизајнерските и колекциите на брендовите со достапни цени. Со обична маица или впечатлива блуза со нагласени ракави, со кимоно или со сако, со ниски обувки или високи сандали со врвки, постојат голем број начини на комбинирање со овој вид на фармерки, еве една стилска листа што ние ја селектиравме што ќе помогне во вашето стилизирање.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари