Џинсот украсен со везови, принтови, шиени апликации и рачно цртaни шари е еден од најголемите трендови кои почна минатата година и кој ќе доживее продолжение и нови верзии и во 2017. Откако добро се позиционираа јакните со став и креациите со цветни везови, на ред за украсување се фармерките. Џинс моделите со ретро крој покрај тоа што се украсени со метални нитни, монисти или исечени и разресени, станаа подвижни табли на разни слики и натписи. Ѕвонарките, килотките, комбинезоните и исечените модели од џинс претстојната пролет ќе бидат украсени и со цветни везови, пеперутки и птици. Поголемиот број нa hight street брендови веќе лансираа фармерки со цветен вез за оваа пролет кои лесно може да се прилагодат на актуелните трендовски комбинации со коула, топ со карнери, блузони во патслени бои , креации од тантела или тул, како и со вреќести џемпери и јакни.
Нема коментари