Фармерки кои изгледаат како широки панталони може да бидат опција за облека што ја носите на работа, но треба да бидат задоволени неколку аспекти. Никако не треба да бидат со дупки и поткинати, колку и да се тренд, премногу искинатите фармерки не треба да бидат дел од деловниот изглед. Пожелно е да се блиски со изглед до класичните широки панталони, класичен крој, без нагласени детали, светки и вез. Најважно од сè, можат да се носат на работа само доколку дозволува работниот дрескод – погодни се за одредени порофесии како креативните и уметничките во чии кругови поминува лежерниот стил, ама никако не во корпоратвниот свет, во банкарство, кај високи функции во администрацијата, на одговорни раководни места. Еве неколку примери со фармерки кои се со широк крој и висока половина.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари