Сите ние во својата гардероба имаме барем едно сако и пар добри фармерки, модни парчиња кои заедно прават вообичаена комбинација, но сега составуваат аутфит кој е доста актуелен и осовременет. Навидум ви се чини дека со оваа едноставна модна сложувалка од фармерки и сако не може да погрешите, но за модерен изглед клучно е тоа да бидат фармерки со трендовски крој, убаво скоено сако и комбинацијата да е дополнета со вистински додатоци.
Аптејтувана за 2016 година, оваа комбинација не подразбира едноставно сако како за во канцеларија и базични тесни фармерки. Новиот начин вклучува сако од кадифе или со интересен вез, со трендовски фармерки поткусени до глужд или распарталени на работ. Може да се носи и со влечки во стилот на „Гучи“, пругаста блуза, гранџ-кошула заврзана околу половината, со обична бела маица и салонки, со балетанки или чизми до глужд.
Нема коментари