Познатиот магазин W кој секоја година едно свое издание посветува на современата уметност, сега издаде посебно списание наречено W:Art. На насловната страница е Фарел Вилијамс, а за потребите на списанието неколку уметници беа ангажирани да создадат дела инспирирани од харизматичниот музичар. Еве го резултатот во вид на уметнички дела од Урс Фишер, Алекс Кац, Роб Прут и артистите кои што работат под псевдонимите M. и JR, а во кои се употребени неколку уметнички техники како фотографија, сликарство, графити и колаж.
Нема коментари