Популарниот рапер и продуцент, Фарел Вилијамс, ќе дизајнира лимитирана колекција на маици со кратки ракави за јапонскиот бренд Uniqlo. Тој ќе биде и заштитно лице на кампањата Uniqlo UT. Музичарот, кој е актуелен со нумерата Happy и својот нов албум Girl, има своја етикета, наречена „i am OTHER“, која ќе се спои со Uniqlo за проектот. Првите 260 маици, од вкупно 500 примероци, ќе бидат пуштени во продажба онлајн на 6 март, а ќе се најдат и во продавниците на 14 април.
Вилијамс важи за еден од најинтересно облечените музички ѕвезди, во сезоната на музички и филмски награди го видовме во многу уникатни изданија, почнувајќи од големата федора на „Греми“, па сè до оскаровските бермуди.
Нема коментари