Музичарот Фарел Вилијамс повторно го стави на продажба гигантскиот пентхаус во Мајами, кој неколку години се обидува да го продаде и неколку пати ја намали цената. Новата информација е дека конечно успеал да го продаде по цена од 9.250.000 долари, а купувачот сака да остане анонимен.
Покрај музичар, во своето CV Фарел има запишано и ангажмани како продуцент и дизајнер, но е забележан и како модна икона со впечатлив личен стил. И овој триплекс во кулата Bristol Tower, со поглед на океанот, комплетно ја отслукува неговата разиграна и поп-арт естетика.
Пентахаусот е огромен и модерен, на три нивоа и со површина од околу 900 метри квадратни, со спирални скали, голема дневна соба со високи прозори и катедралски свод, и со поглед од 360 степени на Атланскиот океан. Има пет спални, 6 купатила, дрвени подови, модерна кујна на италијанската дизајнерка фирма Pininfarina, и пространа тераса од скоро 500 метри квадратни на која се распоредени хербална градина, летна кујна и базен.
Додека Фарел го користеше пентхаусот беше уреден во модерен стил и во него се наоѓаше обемна колекција на поп-арт слики од авторите Енди Ворхол, Такаши Мураками и Кит Херинг.
Нема коментари