Музичката ѕвезда Фарел Вилијамс дизајнира чанти во форма на возови во соработка со брендот за квалитетни кожени производи, Moynat. Мини-колекцијата содржи четири модели, секој со различна претстава за возовите. Впечатлив е клач-дизајнот, кој е рачно изработен. Чантите ќе се најдат во продажба на 13 октомври во Париз, во концептуалната продавница Colette, а потоа ќе може да се купат и во продажните места на Moynat, како и во њујоршкиот Dover Street Market.
Нема коментари