Видеата кои даваат преглед на женската и машката мода и убавина во последните 100 години станаа многу популарни во последно време, еве го новото кое се однесува на развојот и трендовите на машката убавина на американско тло од 2010 година до денес. Моделот Семјуел Орсон е преправен во различни стилови од уреден со совршени тенки мустаќи до актуелниот со машка пунџа и брада, а помеѓу се гранџ-стилот од 90-тите, разбушавените коси и бради од 70-тите, залижаната коса од 80-тите и метросексуалниот изглед од почетокот на векот. Иако се однесува првенствено на еволуцијата на стиловите на мажите од САД, неспорно е дека тоа се трендовите и на глобално ниво. Авторите на видето Cut.com сакале да ја употребат природната коса на манекенот Семјуел, па снимале од стиловите со најдолга коса до најкратка, наместо хронолошки – процес што може да го забележите во time lapse клипот кој се појавува помеѓу секој изглед.
Нема коментари