На утрешниот настан наречен Make Your Life More… што ќе се одржи во скопското кафуле „Концепт 37“ со почеток во 20 часот, модната публика има можност да се запознае и да купи уникатни модни парчиња од дизајнерката Евгенија Зафировска и декоративни предмети од Craft&Art. Младата Зафировска студирала моден дизајн во Љубљана, препознатлива е по авангарден стил, зад себе има повеќе настапи и изложби низ европските метрополи, а сега за првпат ќе претсави модни додатоци, уникатни чанти и прстени. Craft&Art е продавница за рачно изработени предмети од дрво, стакло и керамика. За музиката на настанот ќе се погрижи Филип Стефановски.
Нема коментари