Американската актерка Ева Лонгорија сега е дама на Кралското тело на благородништвото на Астурија, одликување што го доби викендов во астурискиот град Овиедо. На церемонијата во Шпанија таа се појави во креација на австралискиот креатор со македонско потекло Тони Матичевски. Тоа е фустан во боја на слонова коска, структуриран како тесно здолништето со мал шлеп во долниот дел, а во горниот е со V-деколте, волумен и со наметка кај рамениците. Лонгорија, којашто и претходно носела креации на Матичевски, вели дека има шпански корени и затоа многу се радува на ова признание.
Тони Матичевски е еден од најуспешните модни креатори во Австралија, но и пошироко. Роден е во Мелбурн во македонско семејсвто. Како моден дизајнер работи од 1999 година, има специфичен стил резултат на класична силуета во комбинација со женственост, авангардна иновација и скулптурални форми. Креации на Матичевски носат Џенифер Лопез, Лили Колинс, Соланж Ноулс, Оливија Палермо, Ким Кардашијан, Хаајди Клум и други познати личности.
Нема коментари