Познатата уредничка и трендсетерка Ева Чен пред три месеци го напушти магазинот Lucky, каде што фунционираше како главен уредник, и сега е на прагот на новата работна задача во „Инстаграм“. Апликацијата „Инстаграм“ станува сè повлијателна во модниот свет и се смета дека ќе ги надмине сите останати социјални мрежи, а Ева ќе ја има следнава функција – извршна директорка на секторот за модни соработки во „Инстаграм“. Иако е нејасно што сè предвидува нејзината работа, ја чека голема модна авантура.
Се разбира новата вест Ева ја подели на својот Инстаграм-профил заедно со текстот: „Морам со вас да ја поделам веста од која ште не можам да се опоравам. Му се придружив на брилијантниот и креативен тим на „Инстаграм“ како извршна директорка на модни соработки!“. Инаку Чен е доста активна на „Инстаграм“, има преку 7.000 постови, а е препознатлива по фотографиите на нејзините нозе (и чевли) кренати на седиште додека се вози во такси.
Нема коментари