Една од почестите причини за посета на дерматовенеролог е сувата кожа. Бројни надворешни и внатрешни фактори доведуваат до намалена количина на вода и маснотии на површината на кожата, при што се нарушува нејзината функција. Доаѓа до уште поголема загуба на вода од кожата кон надворешната средина, а во обратна насока, во кожата полесно навлегуваат алергени и микроорганизми кои дополнително ја влошуваат состојбата и водат до поголема сувост и затегнатост, перутање, чешање, па дури и појава на црвенило, односно воспаление на одредени места. Сите овие промени, а особено постојаниот или периодичен јадеж, видно го вознемируваат пациентот!
Правени се бројни обиди со локална терапија да ѝ се помогне на кожата. Пред повеќе од 80 години, резултатите од експериментите со уреа довеле до зголемување на употребата на уреа во дерматотерапијата и негата на кожата, кога креми за раце со уреа почнале да се препорачуваат за егзем. Искористувајќи го претходното искуство, научниците на Еуцерин направија линија на производи кои ги задоволуваат индивидуалните потреби на сувата кожа, со помош на уникатната комбинација на активни состојки во нив. Уреа е главната активна состојка, по која и целата палета на производи го добила името. Таа претставува еден од најважните крајни производи во метаболизмот на протеините и се наоѓа во речиси сите телесни течности. Уреата се смета за еден од најважните и најмоќни природни хидратантни фактори (ПХФ) на кожата. Нејзиниот ефект во производите е засилен со додавање и на други ПХФ-и, па така имаме уште поголема задршка на вода во кожата.
Заради намалената функција на лојните жлезди во производите има ставено и церамиди. Церамидите се природна состојка на кожата, која видно ја подобрува бариерната функција на кожата. Освен претходно наведените активни состојки, во лосионите за нега на кожата на телото има и глуко-глицерол, супстанција која ја активира аквапоринската мрежа и овозможува оптимална хидратација на кожата во длабочина.
Во Македонија имаме цела линија на Еуцерин производи за нега на сува кожа: 5% Urea дневен и ноќен крем за нега на сува кожа на лицето, 5% UreaRepair PLUS крем за нега на сува, груба и распукана кожа на рацете, 10% UreaRepair PLUS крем за нега на суви и груби стапала, гел за миење и шампон со 5% уреа и два лосиони за тело- 5% UreaRepair PLUS хидратантен лосион и 10% UreaRepair PLUS регенеративен лосион за нега на сува кожа пратена со јадеж. Од оваа есен линијата е дополнета со уште еден нов производ – Eucerin® 5% UreaRepair PLUS Крем за тело. Производот е со економично пакување од 450 мл и е наменет за нега на многу сува и груба кожа на телото.
Производите со уреа имаат и други активности кои ги прават многу погодни во третманот на дерматолошките заболувања. Истите може да бидат искористени и како подлога на која, зависно од клиничката состојба и потребите на кожата, докторите можат да додадат и соодветни лекови, бидејќи уреата ја подобрува пенетрацијата и/или активноста на други лекови за локален третман на кожата, како што се топичните кортикостероиди, антралинот, третионинот, салицилната киселина и др. Зависно од концентрацијата, уреата ги отстранува и изумрените површински клетки и го смирува интензивниот јадеж. Сите овие бенефити можеме да ги искористиме за нега на сува и многу сува кожа, возрасна сува кожа, невродерматитис, дијабетес, псоријаза и сл. и да уживаме во својата кожа.
Нема коментари