На дерматолошки симпозиум, пред голем број на дерматовенеролози беа претставени производите од AtopiControl линијата на Eucerin, наменети за нега на кожа со атопичен дерматитис. Со зголемување на процентот на луѓе кои се засегнати со овој проблем, потребата од производи за чувствителна и атопична кожа во последниве децении станува сѐ поголема. Бидејќи се работи за состојба на кожата која е наследна, а наследените гени не можеме да ги смениме, потребно е родителите и повозрасните да научат како најдобро да се справат со специфичните потреби на атопичната кожа. Со таа цел научниците од Еуцерин во соработка со дерматовенеролозите разработија производи кои ги задоволуваат потребите на атопичната кожа во двете фази- активна и мирна. Целта на негата со овие производи е да се пролонгира мирната фаза, а при активирање на знаците на атопичен дерматитис (црвени, воспалени делови на кожата пратени со интензивен јадеж) што поретко да се стигнува до потреба од лекување со кортикостероидна терапија.
Линијата има маслена купка специјално наменета за нежно измивање на чувствителната и сува кожа, како и производи соодветни за негата потоа - лосион за тело, крем за лице и крем за нега на раце. Досегашната палета на производи за нега е дополнета и со хидратантен лосион за нега, кој го намалува јадежот и склоноста кон црвенило и воопшто нема мирис, со цел да се избегне било каков ризик од пречувствителност кон производот.
За активната фаза на атопичен дерматитис Еуцерин предлага AtopiControl Интензивен смирувачки крем. Тој е наменет за третман на егземите, бидејќи има додадено состојки за уште подобро да делува на смирување на црвенилото и јадежот во предел на егземите. И на крај, како уште 1 новитет беше претставен СОС Спрејот за смирување на интензивен јадеж, кој многу често е редовен пропратен симптом кај атопичната кожа, но може да постои и кај други болести. Преку него науката ја покажа својата последна иновација во борбата со неподносливиот јадеж, а сме особено горди што со него успеваме на корисниците да им помогнеме за само 1 минута да го смират неподносливиот јадеж, а смирувачкиот ефект да се одржи до 6 часа.
Производите беа тестирани на бебиња, деца и возрасни со атопична кожа, при што беа докажани одличните ефекти на кожата, а истите можете да ги најдете во сите подобро снабдени аптеки во Македонија.
Нема коментари