Доколку имате дехидрирана и чувствителна кожа, и сакате брзо да обезбедите интензивна хидратација тогаш новата Eucerin AQUAporin ACTIVE е вистинскиот избор. Овозможува интензивна хидратација во длабочина, ја смирува чувствителната кожа и ја прави мека и нежна. Кожата брзо ја апсорбира, претставува одлична основа за шминка, а клиничките и дерматолошките проучувања докажуваат одлична ефикасност и подносливост од чувствителната кожа. Не содржи додатоци за мирис и е без парабени, а најдобро е да се нанесува на чиста кожа на лицето наутро и навечер, избегнувајќи ја зоната околу очите.
Дехидрираната кожа изгледа без сјај, дава чувство на затегнатост и не е во можност да се заштити од надворешни надразнувачи, и како резултат на тоа таа станува чувствителна. Интензивната и долготрајната хидратација е неопходна за да се одржи природниот и убавиот изглед на кожата.
Eucerin AQUAporin ACTIVE за нормална до комбинирана кожа е освежителен навлажнувач за лицето, кој го подобрува системот за хидратација на кожата правејќи ја еластична, мазна и блескава. Овозможува интензивна хидратација дури и во најдлабоките слоеви на кожата. Ја содржи активната состојка глуко-глицерол која го стимулира производството на аквапорини во кожата, водни канали кои ги придвижуваат водните молекули во кожните мембрани и го регулираат оптималниот трансфер на вода внатре и надвор од клетките на кожата. Биохемиските процеси започнуваат длабоко во кожните клетки што е гаранција за идеална хидратација. Eucerin AQUAporin ACTIVE е магичниот клуч за оптимална хидратација на кожата-долготрајно и длабоко.
EucerinAQUAporinACTIVE – ефекти
Во ин-витро и ин-виво клинички и дерматолошки тестирања направени во септември 2014 година, каде беа вклучени 365 испитаници, жени на возраст од 20-45 години, се испитуваше ефикасноста на производите и влијанието врз осетливата кожа.
- Кај 98% од испитаниците брзо се забележани подобрувања во нивото на хидратација како и интензивна хидратација на кожата до 24 часа кај луѓето кои ги употребиле овие производи.
- Подобрена хидратација е овозможена дури и три дена по престанокот на користење на овој производ, каде 89% одговориле дека чувствуваат дека нивната кожа е помека и нежна
- 97% од испитаниците одговориле дека производот е соодветен за осетлива кожа
- по една или две недели на употреба, нивото на хидратација е оптимализирано дури и во најдлабоките слоеви на кожата.
За откривањето на значењето на аквапорините во 2003 година американскиот молекуларен биолог Питер Агре доби нобелова награда за хемија, истакнувајќи дека колку повеќе има аквапорини во кожата толку поефикасна е хидратацијата. Како резултат на оваа иновација, инспирирани од откритието на Aquaporin експертите од истражувачкиот центар на Еуцерин пред неколку години ја создадоа серијата на иновативни производи AQUAporin ACTIVE, кои сега се во нова амбалажа и со подобрена функција.
Нема коментари