Италијанската модна куќа Етро беше домаќин на првата физичка ревија во Милано по појавата на коронавирусот во февруари и повеќемесечната изолација, а на која претстави колекција на лежерни парчња со доза на луксуз. За локација ја избра градината на хотелот Four Seasons во срцето на шопинг областа во градот, а публиката беше заштитена и седната на соодветна дистанца.
Фокусот беше ставен на машката колекција на Етро за пролет 2021, но креативните директори на машката и женската линија, Вероника и Кин Етро, одлучија на истата ревија да ја претстават и женската ресорт колекција за следната сезона.
Сестрата и братот Вероника и Кин Етро го следат модното наследство на семејниот бренд препознатлив по впечатливи колоритни ткаенини и инсприрација побараа во архивата со материјали на куќата.
Нема коментари