Во овие тмурни постпразнични денови сите бараат начини да го растераат јануарското сивило, па овие нови торби на Вивиен Вествуд сигурно можат да допринесат за тој трик. Дизајнерката во соработка со Ethical Africa деновиве лансираше колекција на еко-торби кои ќе се продаваат на Asos.com со почетна прифатлива цена од 58 фунти.
Изработени од рециклирани платна, пренаменети патни банери и неискористени отпадоци од кожа, секоја торба е рачно изработена во главниот град на Кенија, Најроби и се совпаѓа совршено со етичките вредности на мадам Вествуд, жената која јавно изјави „Сите купуваат премногу облека”.
Новата колекција на ранци, рачни торби и мали чанти, се класифицирани да одговараат на двата пола и содржат крупни мотиви одбрани од принтовите на Вествуд. Колекцијата оди на продажба од петок , 24 јануари.
Нема коментари