Таа е нежна и боженствена, сензуална и единствена. Обвиткана е во шепотот на нежната романтика, секогаш своја и препознатлива. Девојка со беспрекорен стил и шарм, која својата љубов ја пренесува со безвременски сјај. Токму таа е инспирација за новата Антонија Ристовска Bride колекција именувана Eternal Glow 2023.
Колекцијата ја сочинуваат венчаници кои изобилуваат со богати текстури на материјали и везови. За оваа колекција во ателјето на Антонија Ристовска рачно се создадени нови материјали со 3D текстура и уникатен дизајн. „Раскошот од богати везови изработени од бисери, кристали и мониста на материјалите го будат чувството на единственост и гламур, а воедно богатите текстури и слоевитоста на материјалите и понатаму ја задржуваат леснотијата при носење на венчаницата. Секој модел е внимателно изработен со акцент на величенствен изглед и инспирира чувство на восхит. Кроевите кои никогаш не излегуваат од мода се повторно изнајдени во нови креативни форми и комбинации. Стајлингот надополнет со ракавици изработени од материјали со богати везови допринесува за истакната грациозност и висока елеганција“, вели дизајнерката Ристтовска.
Фотографија: Стефан Соколовски/ Модели: Јана Серафимова, Сара Цветанова, Татјана Јанушева (Моделс Ин)/ Шминка и фризура: Студио Шурбевски/ Чевли: Nine West/ Локација: Македонска филхармонија, Скопје
Нема коментари