Во домашните парфимерии пристигна новата линија на кармини на Estee Lauder – Pure Color Love, која содржи 20 нови нијанси во 2 различни финиши (мат и кремаст). Овие кармини се осмислени да се нанесуваат на различни начини, односно да се комбинираат различни нијанси, да се нанесуваат во повеќе слоеви или едноставно да ги нагласите усните со една нијанса. Pure Color Love кармините содржат овошен коктел од три негувачки масла: шипка, манго и акаи, кој што овозможува меки и нежни усни во текот на целиот ден.
Заштитно лице на оваа линија на кармини е Кендал Џенер, а карминот се продава по цена од 2.375 денари.
Нема коментари