Тоалети со циркони, кристали и металик креации блеснаа на црвениот килим на доделување на Спортските годишни награди – ESPY, вчера во „Нокиа театарот“ во Лос Анџелес. На церемонијата на ESPY Award (Excellence in Sports Performance Yearly Award), која се доделува за одличен перформанс во спорот, моден впечаток оставија актерката Џесика Алба, со шеќерно-розов асиметричен фустан извезен со сребрен конец, Џордана Брустер, која имаше креација во иста боја, но ускрасена со светкава мониста во долниот дел, како и Криси Тајген, која носеше бел елегантен комбинезон.
Поголемиот дел од гостинките на церемнонијата се одлучиле за металик и сребрени креации, а меѓу нив најмногублескаа фустаните на Шерил Бурк и Ејми Пардли. Доминираше и црната боја, која одлично им прилегаше на Камерон Дијаз, Марија Шарапова, а за нешто посмели изданија во оваа боја се одлучиле фудбалерката Сидни Леру и Дона Глитч. Напроти ова беа белите креации на Дараја Мишел, Ерин Ендрус , Робин Робертс и Даница Патрик.
Нема коментари