Потрагата по костим за капење кој совршено одговара на вашата градба може да стане вистинска ноќна мора, особено ако имате побујна фигура. Најпознатата plus size манекенка Ешли Греам нуди модни совети токму во овој дел. Греам е заштитно лице на костимите за капење на брендот Swimsuitsforall, лице од насловната на тематскиот број на Sports Illustrated, a и самата креира костими за капење. „Сакам да постигнам жените од сите облици и конфекциски големини да може да купат и да си приуштат нешто посебно и луксузно. Сакам да ги поттикнам да се чувствуваат самоуверено и секси додека се на плажа“, вели Ешли која во соработка со компанијата Swimsuitsforall дизајнира колекција на костими за капење за жени со побујна фигура.
Колекцијата содржи секси и трендовски костими за капење во црна, виолетова и црвена боја, и е инсирирана од филмовите за Џејмс Бонд. „Само затоа што носам конфекциски број 42 не значи дека не сакам да изгледам како девојките со многу помали димензии“, смета Ешли која при ласнирањето на својата колекција презентира корисни совети како жените со нејзина градба да блеснат ова лето во костим кој совршено одговара на нивната фигура.
Првиот совет се однесува на препораките во однос на материјалот. Најдобар избор според Ешли се костими за капење направени од неопрен, кој ги „држи“ облините на место, дури и во моменти на летни активности како на пример играње одбојка на плажа.
Ако се одлучите за костим за капење од неопрен, Ешли препорачува да набавите модел помал за еден конфекциски број. При самото испробување на костимот во гардероба, направете трик со ненадејно движење во лево и во десно за да бидете сигурни дека ништо нема да испадне од место и не мора да се грижите дали градите ќе „ѕирнат“ при најмало движење. Бидејќи светлото во повеќето гардероби не е добро, Ешли препорачува да си замислите дека сте на море и под сончевите зраци за да не се обесхрабри. Во купување на костим за капење одете во друштво на пријателка или некој близок кој ќе ве фотографира во моделот што го пробувате, за да бидете сигурни како изгледате од секој агол.
Во однос на градбата, ако имате поголеми и виснати гради, изберете модел со прерамка околу вратот, што обезбедува подигнување и поддршка на градите и им дава дефиниран облик. За големи гради препорачува горен дел со вграден градник. Оние што неодамна родиле бебе, ги советува модел со набори околу стомакот, кои оптички го одвлекуваат вниманието од половината, а добро е доколку костимот има вграден мидер или shapewear-ткаенина која го стега стомакот. Пониските жени кои сакаат оптички да ги продолжат низете треба да бираат бикини.
Нема коментари