Со доаѓањето на врнежливите есенски денови, повеќе од важно е носењето на удобни обувки коија одржуваат природната топлина на стопалото, а во исто време се модерни и атрактивни. Новата колекција на GEOX го овозможува токму тоа. Од Fashion Group Macedonia информираат дека деновиве во Скопје пристигнаа новите колекцији на женски и машки обувки од GEOX.
ЖЕНСКА КОЛЕКЦИЈА ОБУВКИ ЕСЕН-ЗИМА 2017/18
Технологија, удобност и италијански стил – елементи кои GEOX продолжува да ги развива и во новата колекција обувки за есен/зима 2017/18. Мисијата на GEOX е да го подобри квалитетот на живот со комбинирање на практичен, впечатлив дизајн и современи модни трендови. Уникатните својства на удобност, леснотија, флексибилност и издржливост се резултат на патентирано истражување за комбинирањето на естетиката и функционалноста во модели кои се трендовски и прилагодливи за секакви ситуации. Колекцијата го истражува концептот на “убаво чувство” преку обувки кои може да се носат во текот на целиот ден без да се изгуби чувството на удобност.
Оваа сезона особено впечатливи се чевлите со елегантна, издолжена линија и повисоки потпетици, како и мокасините и чизмите направени од мека кожа со дополнителни детали како реси и метални украси. Класичните чевли на потпетица со различна висина се “must-have” за сезоната. Дизајнирани да го дополнат секој изглед овие чевли доаѓаат во повеќе бои, материјали и текстури. Неизбежно, присутни се и главните карактеристики на GEOX обувките – патентираниот водоотпорен ѓон, анатомска внатрешност со различна дебелина и постава која дише.
Кај спортските обувки оваа сезона највпечатлива е Nebula 4X4 B ABX линијата – симбол на постојаниот стремеж на GEOX за иновативност и технолошки напредок. Во зимската колекција, интегрирани се две напредни технологии во еден модел – Nebula со својата леснотија и Amphibiox со системот за водоотпорност. Овие обувки кои дишат, се во линија со современата мода, следејќи го спортскиот и лежерен стил во комбинација од материјали како кожа, нубук, меш, контрасни бои и 3Д порабување. Природната температура на стопалото се одржува под контрола со специјален внатрешен систем на дишење со кој топлината излегува преку поставата, додека пак 3Д мрежата овозможува поголемо испарување и чувство на леснотија. Специјална конструкција ги поврзува горниот и долниот дел на обувките, а обезбедува оптимална еластичност, додека пак гумениот, надворепен ѓон овозможува абсорбирање на притисокот без разлика по каков терен се движите.
МАШКА КОЛЕКЦИЈА ОБУВКИ ЕСЕН-ЗИМА 2017/18
Технолошкиот напредок и современиот стил се спојуваат во новата колекција која се темели на вредноста на италијанскиот дизајн и квалитетното производство, GEOX патентот и квалитетот на избраните материјали. Философијата на “чевли кои дишат” и секојдневното убаво чувство пренесени во колекција обувки кои се соодветни за многу настани и кои со себе го носат совршениот баланс на удобност и мода, функционалност и софистицираност. Во делот на формалното облекување, колекцијата нуди модели кои ја спојуваат класичната елеганција и трендовите. Тука се елегантните модели од квалитетна кожа, со врвки или со странично закопчување, незаменливиот ѓон кој дише и највисоките стандарди на зидржливост, флексибилност и леснотија. Слични карактеристики се појавуваат и кај уште еден трендовски модел – брог чевлите и полувисоките чизми со заоблен врв и гумен ѓон, кои доаѓаат во црна и кафена боја со винтиџ елементи.
Кај спортските обувки и оваа сезона највпечатлива е Nebula 4X4 B ABX линијата – симбол на постојаниот стремеж на GEOX за иновативност и технолошки напредок. Во зимската колекција, интегрирани се две напредни технологии во еден модел – Nebula со својата леснотија и Amphibioxсо системот за водоотпорност. Природната температура на стопалото се одржува под контрола со специјален внатрешен систем на дишење со кој топлината излегува преку поставата, додека пак 3Д мрежата овозможува поголемо испарување и чувство на леснотија. Специјална конструкција ги поврзува горниот и долниот дел на обувките, а обезбедува оптимална еластичност, додека пак гумениот, надворешен ѓон овозможува апсорбирање на притисокот без разлика по каков терен се движите. Овие нови водоотпорни модели го отсликуваат современиот лежерен, спортски стил во ергономски дизајн со еластични врвки, во различен микс од бои аплицирани на кожа или материјал во ист или контрастен тон со гумениот ѓон.
Нема коментари