По мотото #Stopthetraffik – за запирање на трговијата со луѓе, од 22 до 25 октомври ќе се одржи 16-тото издание на Моден викенд Скопје. Колекциите на дизајнерите на есенското издание ќе се прикажат во „Хотел Мериот Скопје“ (22- 24 октомври), а затворањето на сезоната ќе се случи во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“ на 25 октомври.
Како секоја сезона така и оваа Моден Викенд Скопје ја испраќа својата порака кон јавноста со кампања која овој пат е #Stopthetraffik и #GlobalBlanket покрената од британската огранизација „STOP THE TRAFFIK“.
На Моден викенд -Скопје во активностите ќе им се придружи и Националната Kомисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.
-Оваа порака директно се рефлектира на сите нас како потрошувачи на облека кои треба да ја подигнеме свеста облеката која ја носиме да не е сработена од луѓе кои се експлатирани и злоупотребени во синџирот на трговија со луѓе. Или како што би рекла британската модна
дизајнерка Вивиен Вествуд Купувајте помалку, но одберете внимателно- велат организаторите на Моден викенд Скопје.
Заштитно лице на шеснаесеттиот Моден викенд Скопје е Викторија Ристовска од модната агенција „Подиум“. Фотографијата ја потпишуваат „Ани и Дими“. Графички дизајнер на визуелниот имиџ е Дејан Зафировски.
Генерален покровител и официјална вода на настанот е „Пелистерка“. Официјално возило оваа сезона е „LEXUS.EXPERIENCE AMAIZING“. Официјален партнер за фризурите на моделите и оваа сезона е „LAKME“. Партнер во грижата за здравјето „Merz Spezial Dragees“. Официјален мејкап партнер „Shiseido“. Партнер на Моден викенд Скопје и омилениот гостин во сите семејства „Podravka“. Официјалното вино на сезоната доаѓа од „Vizba Valandovo Winery“.
Нема коментари