Флуоресцентни бои, леопардов принт, каубојски чизми во модерна форма… ова се дел од есенските трендови што ќе ги носиме сезонава, но знаете ли кој од нив најдобро одговара на личниот стил на одреден хороскопки знак?!
ВОДОЛИЈА: ФЛУОРЕСЦЕНТНО
Жената водолија е живописна, забавна и оригинална. Има ли подобар начин да го прикажете својот карактер отколку со едни од најтоплите нијанси за oваа есен – флуоресцентните. Одберете парче облека или моден детаљ во флуоресцентна боја и комбинирајте го со неутрални тонови и едноставни кроеви.
РИБИ: РОМАНТИЧЕН ФУСТАН
Бохо, сонливо, романтично се зборовите што Ве опипшуваат, па одлучете се за фустан со тантела во т.н. прериски стил и внесете го во новото време со комбинирање со еден неочекуван додаток како што се модерните патики.
ОВЕН: ВПЕЧАТЛИВА ЧАНТА СО ПЕРЛИ
Вие сте трендсетерка и смела жена, па покажете ја вашата храбра, самоуверена и модно освестена репутација преку чанта со топчиња инспирирана од 90-тите години. Овој модел на чанта е забавен и добро се комбинира со фармерки и маичка, но и со некој впечатлив фустан, како на пример овој на фотографијата.
БИК: ГЛОМАЗНИ ПАТИКИ
Што е удобно и многу кул есенва?! Трендовските гломазни патики кои им одговараат на биковите. Носете ги со базични парчиња и комбинацијата нека изгледа ноншалатно – што сосема совршено за вашата практична и фокусирана личност.
БЛИЗНАЦИ: ГЕОМЕТРИСКИ ВПЕЧАТЛИВИ ОБЕТКИ
Жената близнак е енергична, сестрана и љубопитна. Еден пар впечатливи обетки се непредвидлив детаљ, но веднаш се забележува и одговара на вашиот динамичен живот.
РАК: SHEARLING КРЗНЕНЦЕ
Удобно и класично палтенцето со волнено крзненце одговара на вашиот карактер. Како еден од најнегувателски настроените хороскопски знаци, вашата личност е како топла прегратка – или како оваа топла јакна која нуди топлина и среќа.
ЛАВ: ЛЕОПАРДОВ ПРИНТ
Лав, леопардов… асоцијацијата е очигледна. Знаеме дека леопардовиот принт е голем тренд сезонава, а и толку многу им одговара на жените лавици кои се родени да ја носат оваа шара која што не можете да не ја забележите. Леопардовиот принт изгледа смело и креира совршена рамнотежа меѓу модерниот edgy-стил и гламурот на стариот свет.
ДЕВИЦА: МОНОХРОМАТСКО
Да бидеме искрени, девиците се непоправливи перфекционисти и затоа најмногу им личат изедначени, монохроматски комбинации. Ништо да не отскокнува од редот и уредноста. Се потпирате на прецизноста, па за вас ѕвездите предлагаат еднобоен изглед. За повеќе смелост изберете комбинација во жолта боја, а ако сакате поелегантен и посмирен изглед, задржете се на неутралните бои како беж, тегет и црна.
ВАГА: КАРИРАНО
Типичната вага која сака да шармира оваа есен ќе носи кариран дезен. Зависно од тоа како ќе го носи, комбинацијата може да биде класична или поавангардна, но секогаш кул – исто како и нејзиниот карактер.
СКОРПИЈА: КОСТИМ СО ПАНТАЛОНИ
Вие сте амбициозна, храбра и помалку со интензивен карактер. Ова на вашата гардероба соодејствува со класичен костим во модерна интерпретација – доста возбудливо, моќно, со интересен крој, бои и шари.
СТРЕЛЕЦ: НИЈАНСИРАНИ ТКАЕНИНИ
Слободоумните и ексцентрични стрелци секогаш сакаат добра забава и супер моменти. А што најдобро одговара на нивниот дух?! Облека со нијансирање, односно обоена со tie-dye техниката, комбинирана со класични парчиња за модно-освежувачки изглед.
ЈАРЕЦ: КАУБОЈКИ
Мотивирани, одговорни и вредни, вам ви е потребен тренд кој не е бесмислен. Тука доаѓаат каубојските чизми кои се инспирирани од Дивиот Запад и вестерн-стилот, и се совршени за практичната и силна жена Јарец – иако се тренди, тие не се премногу силни и ја завршуваат работата.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари