Една од најпознатите француски инфлуенсерки Камил Шарие од моден аспект есента ја почна со неколку комбинации со базични парчиња како идеален избор за денско излегување, но со модели кои ги откриваат некои од трендовите на сезоната. Како и секоја парижанка таа поседува и носи твид-сако во стилот на Шанел, парче облека што Коко Шанел го вовела во модата пред стотина години, а денес претставува дел од француското модно и културно наследство. Камил есенва ова сако го комбинира со трендовски панталони со изрез, обична бела маица и шик додатоци. Потоа таа покажува дека џинсот е секогаш добра идеја, во вид на фармерки, тексас кошула или комбинезон, а сака да носи и базична облека како бела кошула и ролка, елегантно црно сако. Дел од нејзините есенски комбинации се плетен елек, џемпер со текстура, кадифен комплет и бели чизми, а за вечерни и модни настани бира секси фустани со мини должина и тенки прерамки.
Нема коментари