Мажите отсекогаш се интересирале за модата, се грижат за својот изглед и си имаат свои модни трендови. И често пати си го поставуваат прашањето „Што да облечам?“. Ајде тогаш да се позанимаваме со тоа какви палта, јакни и сакоа се актуелни оваа есен и како да се комбинираат, па следејќи ги предлозите на дизајнерите и брендовите ќе дојдеме до неколку тенденции – разни видови сакоа, мантил или капут со крој на мантил и кожена јакна. Навидум ништо ново, парчиња вообичаени за мажи без разлика на нивната возраст, стил или професија, но разликата секогаш е во нијанси, во стајлингот и вметнување личен печат во крајната комбинација.
Машкото сако е незаменливо парче, а оваа есен носете го на класичен начин или во во слоеви со други парчиња, кошула, елек, тенок блејзер, и со дебело палто и шал одозгора. Бирајте дебели ткаенини, како на пример твид, во една есенска боја или со суптилни шари како линии и коцки. Комбинирајте со блузи или кошули, џинс или класични панталони, а на нозете, според пригодата може да обуете чизми до глужд или оксфорд-чевли.
Mантилот е уште една класика. Може да изгледа професионално, но и лежерно. Ретро и модерно истовремено. Може да се носи во различни комбинации, пригоди, стилови и на различна возраст. Во постудените денови наместо платен мантил, одберете капут со крој на мантил. Секогаш бирајте класичен мантил, во стилот на „Барбери“, ако сте високи може да носите модел со секака должина, но доколку сте ниски, тогаш бирајте модел над колена. Остатокот од стајлингот – чанта, шешир, шал – нека бидат во вашиот личен стил.
Кожената јакна е кул варијанта на горен дел за овој период. Одберете квалитетен модел во ваша величина, некој во микс на класично-авангарден стил. Треба да изгледате современо, а не панкерски. Овие јакни нудат разновидност и може да се комбинираат со секаков аутфит.
Нема коментари